Во Каиро преговори за примерје во Газа

Од:

Започнаа преговорите за примерје меѓу Израел и Хамас во Газа за време на светиот месец Рамазан.

Претставници на Израел, Катар, САД и Хамас денеска пристигнаа во престолнината на Египет со цел да се оствари средба меѓу двете завојувани страни.

На средбата која се одвива на т.н. неутрален терен треба да се разгледа предлогот да се ослободат заложниците држени во Газа во замена за Палестинците во израелските затвори. Со тоа би се постигнало примерје пред почетокот на Рамазан во мај.

Наводно, Израел го прифатиле договорот, а сега е на Хамас да ја донесе конечната одлука.

Целта е да се воспостави прекин на огнот во Газа, а тоа е можно ако Хамас прифати да ослободи одредена категорија на заложници. Еден од условите на Палестина е да се вратат раселените Палестинци од северниот дел на Газа, но и да се зголеми хуманитарната помош на 400-500 камиони дневно, наместо сегашните 80.

Би можело да ве интересира

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“

Медицински работници и пациенти се ранети во најновиот израелски напад на Газа

Нетанјаху за време на посетата на Газа: Израел ќе инсистира да го уништи Хамас

За шест месеци во Газа загинаа повеќе од 50.000 луѓе

Емануел Макрон му порача на Нетанјаху: Мора да заврши страдањето на цивилите во Газа