Во Јужна Кореја донесен построг закон против корупција

Од:

Во Јужна Кореја е донесен нов построг закон за борба со корупцијата. Според измените, кои влегуваат на сила од утре секој државен службеник кој ќе биде уапсен за поткуп од над милион вони (870 долари) ќе биде итно отпуштен од работа, соопшти Министерството за државна администрација.

– Вработените во државната управа кои добиле пари или други вредни средства во вредност над милион вони треба итно да бидат отпуштени од работа. Исклучоци од тоа правило нема да се прават, нагласува Министерството.

Освен тоа, државните службеници нема да имаат право да работат веќе во државна администрација во следните пет години, а пензиите ќе им бидат намалени за половина.

Ако биде докажано на суд дека државниот службеник побарал мито, тој ќе биде отпуштен од работа и за сума пари без разлика што не би била над еден милион вони.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски