Во јужна Англија откриени „значителни резерви“ на нафта

Од:

Значајни резерви од нафта, за кои се верува дека може да достигнат и до 100 милијарди барели, се откреини по дупчењето што се спроведува северно од јужниот брег на Велика Британија и Брајтон, соопшти денеска британската компанија „УК Оил енд Гас Инвестмент“ (УКОГ).

Истражувањата се вршат во јужна Англија во реонот на Хорс Хил во близина на лондонскиот меѓународен аеродром Гетвик, кој е втор по големина во Велика Британија.

Анализите што експертите ги направија на локациите каде се вршени дупчења покажуваат дека резервите на „црното злато“ изнесуваат од по 158 милиони барели на една милја или вкупно околу сто милијарди.

Станува збор за значителни резерви ако се има предвид дека производството на нафта од наоѓалиштата во Северното Море изнесуваат 45 милијарди барели за изминатите 40 години.

– Мислам дека откриените резерви на нафта се веројатно најголеми во внатрешниот дел на британското копно и дека имаат големо значење за целата држава, изјави извршниот директор на УКОГ, Стивен Сандерсен.

Откриените резерви лежат на длабочина меѓу 762 и 914 метри.

Според експертите за нафта и гас во Лондон, ова се резерви на „високо светско ниво“ и преставуваат значаен момент за Велика Британија и силен потенцијал за нејзината економија.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата благо пораснаа

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски