Во Јапонија рекорден број на новозаразени за еден ден

Од:

Во Јапонија денеска се регистрирани 3.030 случаи на Ковид-19, што е рекорден број на заразени за еден ден од почетокот на пандемијата, објави Министерството за здравство.

Меѓу новите случаи, во Токио се регистрирани 621, што е и најголем број на нови случаи за еден ден во тој град, пренесува Гардијан.

Од последниот пресек, уште 28 пациенти починале.

Вкупно, од почетокот на пандемијата, заразени се речиси 178 илјади луѓе, а починаа 2.575 лица.

Министерството за здравство соопшти дека се хоспитализирани 23.990 пациенти со Ковид-19, а 578 од нив се во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија