Во Јапонија пронајдени јадици стари 23.000 години

Од:

Јадици стари околу 23.000 години, направен од черупки на куќички на морски полжави, откриени се во спила на крајниот остров на јапонскиот остров Окинава, пренесе Макфакс.

Научниците велат дека јадиците направени од черупките на морските полжави се откриени во спилата Сакитари, што ги вбројува меѓу најстарите делови од рибарската опрема во светот, укажува на тоа дека развојот на рибарската технологија започнал уште во пораниот период отколку што досега се знаеше, како и дека таа била пораширена отколку што се веруваше.

„Јадиците се откриени пред неколку години, а ние конечно успеавме да заклучиме дека геолошкиот слој во кој ги пронајдовме настанал пред 23.000 години“, вели за AFP водачот на научниот тим, Масаки Фуџита. Додава дека тој и колегите веруваат оти јадиците се користени во лов на рибите папагали и на јагули.

Научниците за време на ископувањата во спилата откриле фосили од жаби, риби, јагули, птици и помали цицачи, што е доказ дека ги ловеле и со нив се хранеле тогашните хоминиди. Нивното откривање упатува и на тоа дека островот речиси непрекинато е населен од пред околу 35.000 години, а покрај јадиците и животинските фосили, биле пронајдени и човечки коски, како и камен за мелење и за острење.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска