Во Јапонија ќе се казнуваат и тие кои симнуваат илегални торенти

Од:

Јапонија донесе закон со кој ги казнува и тие кои ги симнуваат илегалните торенти на интернет.

Причина е падот на јапонската музичка индустрија, која минатата година паднала за 16 отсто, а според официјалните статистики, размерот на илегалната со легалната музика е 10:1.

Јапонија од секогаш имала строги казни за тие кои свесно споделуваат заштитен авторски материјал на интернет, а максималната казна е до 10 години затвор. Сепак, симнување не се казнувало.

Со новиот закон, секој кој симнувал илегални торенти е во опасност од затворска казна до две години или парична казна од 2 милиони јени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија