Во Јамајка запленети 635 килограми марихуана

Од:

Полицијата на Јамајка заплени 635 килограми компресирана марихуана во акција спроведена во северниот дел на земјата.

За време на шест часовната полициска операција биле уапсени двајца мажи и конфискувани 39 вреќи марихуана во близина на познатата туристичка локација Заливот Монтего.

Идентитетот на уапсените не е соопштен, а полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Американската Влада смета дека Јамајка е најголемиот производител и извозник на марихуана од сите карипски земји.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари