Во Израел уапсени уште осум еврејски екстремисти

Од:

Израелската полиција синоќа уапси уште осум еврејски активисти од екстремистичката група Лехава, која се спротиставува на арапско-еврејската коегзистенција, изјави портпаролот на полицијата Луба Самри.

Тоа е второ апсење на припадниците на Лехава во рок од една недела. Осомничените се уапсени во серија рации во централен и јужен Израел и во окупираниот Западен Брег.

Лехава пред се е против мешаните бракови, а вмешана е и во подметнувањето на пожар во еврејско-арапското училиште минатиот месец.

Во одвоен инцидент во парк во Ерусалим уапсени се петмина млади Евреи, од кои четворица малолетни. Тие носеле воени знамиња, шрафцигери и собирале камења за да ги нападнат Арапите.

Минатиот вторник израелската полиција уапси 10 членови на Лехава, меѓу кои и лидерот Бенци Гопштајн, кој живее во еврејската населба во поделениот град Хеброн во Западен Брег. Гопштајн и уште двајца во петокот се пуштени во домашен притвор, а останатите се условно ослободени.

Активистите на Лехава го следат учењето на починатиот рабин Меир Кахане, кој остро се спротиставуваше на Арапите и чија партија Ках беше забранета во 1994 година, откако еден од членовите уби 29 муслимани во џамија во Хеброн.

Би можело да ве интересира

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Врховниот суд на Израел нареди регрутирање на ортодоксните Евреи во војска

ВИДЕО: „Светот не смее да дозволи Либан да стане нова Газа“

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа