Во Израел прв потврден случај на флурона – истовремена инфекција со коронавирус и со грип

Од:

Првиот случај на „флурона“, односно истовремена инфекција на коронавирус и грип е забележан во Израел. Според израелските медиуми, првиот случај на „флурона“ е забележан кај жена во израелскиот град Петах Тиква.

Од гинеколошкиот оддел во градската болница каде што се породила жената за израелските медиуми велат дека жената била позитивна на коронавирус и грип веднаш штом била примена. За да бидат сигурни, го повториле тестот уште еднаш.

Жената не била вакцинирана против коронавирус ниту за грип, но немала особено силни симптоми.

Ова е прв документиран случај на коронавирус и грип во исто време, но здравствените експерти веруваат дека имало и други кои не се документирани.

Израелското Министерство за здравство го истражува случајот и се обидува да утврди дали може да предизвика посериозно заболување, објавија израелските медиуми.

Би можело да ве интересира

Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Трамп му се закани на Хамас

Нетанјаху: Израел не го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас

А1он

Терористички напад во Израел: Еден напаѓач пукал, друг бодел со нож

Горан Наумовски

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа