Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Од:

Палестинските власти денеска, по повод Денот на жената, ја повикаа меѓународната заедница да ја обезбеди безбедноста на палестинските жени, соопштувајќи дека за време на израелската војна во Газа се убиени 12.298 жени.

„Петстотини и деветнаесет дена од израелската војна во Газа резултираа со убиство на повеќе од 12.298 жени, додека илјадници други беа подложени на принудно раселување“, соопшти палестинското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека 21 Палестинка во моментов се држат во „сурови и нехумани услови во израелските затвори каде што се изложени на тортура, самици и медицинска занемарување“, објави Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран