Во Израел откриен првиот случај на новиот опасен вид коронавирус

Од:

Во Израел е откриен првиот случај на зараза со новиот вид на коронавирус Б. 1.1.529, кај граѓанин кој се враќал од Малави, соопшти денеска прес-службата на израелското Министерство за здравство.

– Видот на коронавирус, откриен во неколку земји во јужна Африка, е пронајден во Израел кај граѓанин кој се вратил од Малави. Покрај тоа, постојат сомневања за уште два случаи на зараза кај странски државјани кои во моментов чекаат тестови во изолација, се вели во соопштението.

Агенцијата ДПА претходно јави дека во Јужноафриканската Република се шири нова варијанта на коронавирусот која предизвикува загриженост.

Во Јужна Африка се откриени првите 22 случаи на новата варијанта, Б. 1.1.529, соопшти вчера Националниот институт за заразни болести (NICD). Се очекуваат дополнителни случаи бидејќи геномската анализа продолжува, додаде НИЦД.

Јужноафриканскиот министер за здравство Џо Фала рече дека новата варијанта ја потврдува непредвидливата природа на коронавирусот. Тој ги повика Јужноафриканците да одржуваат физичко растојание и да носат маски. Вакцинациите се исто така критична заштитна алатка, рече тој.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана