Во Израел 4.900 здравствени работници се во карантин, има недостиг на персонал

Од:

Речиси 4.900 здравствени работници во Израел се во карантин, покажуваат денешните податоци. Во претходните 24 часа во земјата се регистрирани 43.815 нови случаи на коронавирус, јави „Џерусалим пост“.

Во изолација се 690 лекари и 1282 медицински сестри. За споредба, до вчера во карантин беа околу 3.800 здравствени работници. Меѓу нив имаше 542 лекари и 1.000 медицински сестри.

Недостигот од критичен персонал е една од причините за одлуката на Министерството за здравство да им дозволи на заразените со варијантата Омикрон наместо за десет дена да излезат од изолација после една седмица, под услов да немале никакви симптоми во претходните три дена.

Во израелските болници денеска има 781 заболен од Ковид-19, од кои 255 се во тешка состојба, а 63 се на апарати за механичко дишење.

Вчера во Израел беа обработени речиси 400.000 тестови (ПЦР и антигени).

Во моментов има околу 223.000 активни случаи на коронавирус во земјата, но експертите проценуваат дека реалната бројка е многу поголема.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел