Во Италија запленети 1,5 тони албанска марихуана

Од:

Италијанската полиција, во рибарски брод, во пристаништето Манфредониас, пронашла и запленила 1,5 тони албанска марихуана. Упасени се двајца албански и еден италијански државјанин.

Дрогата била пакувана во пластични вреќи, кои биле скриени во долниот дел на бродот, долг 15 метри , кој служел како рибарски брод. Уапсените биле затекнати на бродот и против нив е покренато обвинение „недозволена трговија со дрога“.

Запленетата дрога е во рамките на акцијата „Атлантис“, во која полицијата запленила и оружје кое го поседувале без дозвола.

Деновиве, полицијата во албанскиот приморски град Валона, заплени 1. 225 килограми марихуна,која требало да биде прошверцувана за Италија. Дрогата била откриена во рибарскиот брод “Сирена дел Маре” кој бил закотвен на пристаништето. Со овој брод дрогата требало да биде транспортирана до водната граница со Италија, по што требало да ја превземе друг рибарски брод.

Во двата случаи, според албанските медиуми дрогата била произведена во селото Лазарат.

Само во последната недела албанската, грчката и италијанската полиција имаат запленето околу пет тони албанска марихуана.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога