Во Италија за еден ден починаа 793 лица од Ковид-19

Од:

Италија доживеа уште еден тежок ден кога е во прашање смртниот биланс од коронавирусот. За 24 часа, во оваа земја починаа 793 лица од коронавирусот.

Вкупниот број на смртни случаи во Италија сега е 4.825.

Исто така, има и 6.557 нови случаи на инфекција.

Само во Ломбардија во еден ден се регистрирани 546 смртни случаи од коронавирус. Со овие бројки, бројот на починати во овој италијански регион порасна на три илјади.

Џлулијо Галера, од дирекцијата за социјална помош во Ломбардија, ги потврди овие информации.

„Во регионот има 3.095 смртни случаи, со пораст од 546, што е бројка која најмногу боли“, рече Галера.

Бројките за остатокот од Италија ќе бидат објавени наскоро. Во петокот вечерта, бројот на починати од коронавирусот во Италија беше 4.031, највисок во светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале