Од Ковид-19 во Италија досега починаа сто лекари, соопшти здружението на лекари.
Последната жртва е 62-годишна лекарка по семејна медицина од мал град во покраината Венето.
Италија има најголем број на жртви од новиот коронавирус во светот, а медицинскиот персонал во болниците и надвор од нив страда поради недостиг на заштитна опрема како што се ракавици и заштитни маски за лице.