Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Од:

Во Торино денеска за време на генералниот штрајк организиран од синдикатите дојде до конфликт меѓу демонстрантите и полицијата.

Групата, составена од студенти, пропалестински и антикапиталистички активисти, запали ликот на вицепремиерот и министер за инфраструктура Матео Салвини, како и три големи фотографии на премиерот Џорџа Мелони, министерот за одбрана Гвидо Кросето и главниот извршен директор на Леонардо, Роберто Чинголани, извести Анса.

Пропалестинските активисти фрлаа јајца и солзавец кон полицијата надвор на Пјаца Кастело.

Судирите продолжија кога активистите се обидоа да влезат во железничката станица Порта Нова, која беше опколена од полицијата.

Полицијата употреби палки за да ги спречи демонстрантите кои ги удираа со тупаници и клоци, извикувајќи слогани против Салвини.

Во меѓувреме, друга група студенти и пропалестински активисти успеаја да влезат во станицата Порта Суза и да протестираат на железничките шини. На тоа место имало и пресметка со полицијата.

Како што беше претходно соопштено, денеска во Италија започна штрајкот организиран од синдикатите ЦГИЛ и УИЛ, со барање за промени во буџетот, зголемување на платите и пензиите, поголемо финансирање на здравството, образованието, јавните услуги и инвестиции во индустриската политика, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Протести во Нови Сад и Белград, блокирани се неколку факултети

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот