Во Италија евидентирани 1.505, а во Британија 400 албански деца без придружба

Од:

Во прифатните центри во Италија евидентирани се 1.505 деца од Албанија кои се без придружба и се на трето место, по децата од Египет и Замбија.

Според медиумите, албански адолесценти на возраст до 17 години, заминуваат во Италија и во тамошните институции се пријавуваат како напуштени, иако таму пристигнуваат со нивни родители или роднини.

Откако ќе пристигнат на италијанско тло, користејќи ги одредбите од тамошните закони, според кои малолетник не подлежи на реадмисија, се пријавуваат како напуштени и ги користат бенефитите кои ги дава италијанското Министерство за социјална политика, а тоа се школување, сместување и финансиска помош се до полнолетство.

Во Британија, пак, се најмалку 400 албански деца без придружба, кои се во опасност да бидат цел на недозволена трговија или други криминални актиности.

– Голем е бројот на напуштени албански деца во Британија, кој достигнува над 400. Станува збор за деца под 15-годишна возраст, без придружба на родител или близок роднина, кои доаѓаат главно од регионот на Кукс.Правиме напори да најдеме начин да ги вратиме во една посигурна средина во Албанија, изјавил британскиот амбасадор Данкан Норман, на средба со надлежните во Кукс.

Според директорот на Регионалниот центар за социјална работа во овој северен албански град, Бесарт Мата во текот на оваа клендарска година од Британија кај нивните семејства вратени се 15 малолетници.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска