Во Италија 71 самоубиство поврзано со пандемијата

Од:

Пандемијата има големо влијание врз менталното здравје, а од март до денеска, 71 самоубиство и 46 обиди за самоубиство во Италија се поврзани со кризата предизвикана од Ковид-19, пишува италијанскиот весник Република.

Покрај последиците од финансиската криза, мерките за социјално дистанцирање и изолација доведоа и до влошување на психолошките проблеми, се вели во написот објавен по повод претстојниот Светски ден за спречување на самоубиство – 10 септември.

Како што е наведено, постојат неколку фактори на ризик од самоубиство, а зголемувањето на бројот на самоубиства и обиди за самоубиство за време на блокадата поради пандемијата може да се објасни и со прекинување на посетите на клиниките за психолошка или психијатриска терапија.

– Депресијата е водечка причина за инвалидитет, бројот на депресивни лица расте во последните децении, па дури а уште повеќе како резултат на пандемијата и нејзините последици, изјави Клаудио Менкачи, раководител на Одделот за ментално здравје во болницата Фатебенефратели во Милано.

Италија е прва европска земја која на почетокот на март воведе строги мерки за карантин на целата територија, и излезе од блокадата со постепено олеснување на рестриктивните мерки по речиси три месеци.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага