Во Ирска поради пандемијата се зголеми извозот на лекови и медицински производи

Од:

Ирскиот извоз на стоки се зголеми на рекордни 160,8 милијарди евра во 2020 година, поддржан од силната странска побарувачка за медицински и фармацевтски производи за време на пандемијата на коронавирусот.

– Медицинските и фармацевтските производи учествуваа со 39 проценти од стоковиот извоз во 2020 година, со зголемен извоз за една четвртина во споредба со 2019 година, покажуваат проценките на ирскиот Завод за статистика.

Другите поголеми извозни сектори забележаа пад на странската продажба како резултат на ширењето на коронавирусот и ограничувањата наметнати од владите на клучните земји увознички во борбата против Ковид-19.

Извозот на храна и живи животни се намали за два процента, додека извозот на производи од преработувачката индустрија, машини и транспортна опрема забележа пад од околу осум отсто.

Ирскиот извоз во останатите земји на ЕУ минатата година се зголеми за 13 проценти, а учеството на ЕУ во вкупниот ирски извоз достигна 40 проценти. Во 2019 година, тој изнесуваше 27 отсто, според извештајот на Заводот за статистика.

Извозот во Велика Британија се намали за девет проценти, со што учеството на Британија во ирскиот извоз достигна осум проценти.

Откако Велика Британија ја напушти ЕУ, ирскиот извоз сè помалку минуваше низ Велика Британија, избирајќи директни патишта кон континентална Европа. Некои фериботи двојно ги зголемија врските меѓу Ирска и Франција.

САД минатата година беа главна дестинација за ирскиот извоз, ако се изземе ЕУ, со учество во вкупниот извоз од 31 процент. Податоците покажуваат значително присуство на американски компании во Ирска, вклучително и фармацевтски гиганти.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден