Во Ирска бројот на луѓе без дом го достигна највисокото ниво откако се води статистиката

Од:

ДПА – Хамбург

Бројот на луѓе без свој дом во Ирска достигна рекордно ниво, затоа што комбинацијата од недостиг на достапни станови, налудничаво високите кирии и неактивноста на владата протерува се повеќе од нивните домови. Проблемот се повеќе засега работни семејства со деца.

Денот пред владата да гласа да одбие милијарди евра даночни приходи од американскиот технолошки гигант Епл, хуманитарната организација „Сајмон комјунитис“ започна кампања за справување со рекордниот број бездомни луѓе во Ирска.

– Проблемот треба да се третира како сензационална вонредна ситуација. Последните податоци од јули, 6.525 луѓе биле сместени во станови за привремено сместување, што претставува пораст од 40 проценти во однос на јули 2015 година. Во таа бројка се вклучени и 2.348 деца – што е пораст од 70 проценти за една година.

Населението на Ирска брои само 4,6 милиони луѓе.

– Нашата организација ја започна кампањата во корист на бирократијата, и која има за цел да ги натера политичарите да ги намалат бирократските пречки и системки грешки кои им пречат на луѓето да се извлечат од проблемот, рече Рандл.

Бројот на празни куќи во Ирска е огромно разочарување за оние кои се обидуваат да го решат проблемот.

– Податоци за 2016 година од Централната статистичка служба покажуваат дека во Ирска има 200.000 празни станови. Тоа е 28 пати повеќе од бројот на луѓето без дом во земјата, информира таа.

– Кога станува збор за општински живеалишта, треба да се покгрижиме да се скрати времето меѓу ослободувањето на дом и вселувањето на нов кирајџија. Во моментов, подготовките на куќи за нови станари може да одземе цели девет месеци, вели таа.

Според Рандл, владата треба да се погрижи да се стимулираат приватните сопственици да ги даваат куќите под наем на општините за социјално вдомување или да ги даваат под наем на социјално кревки клиенти.

– Треба да ги упатуваме луѓето, независно дали преку даночни стимули или грантови, да ги даваат бесплатно празните живеалишта или да ги даваат под наем. Ако планот на министерот за станбено населување Сајмон Коувни, насловен како „Повторно да ја изградиме Ирска“ се оствари, тоа може донекаде да помогне за решавање на кризата, рече таа, но дополни дека планот треба да се споведе целосно и брзо.

– Владата треба да го претвори тој проблем во свој главен приоритет, вели таа.

Иако многу луѓе ги споредуваат бездомните со клошари и луѓе со психички проблеми или зависности, работните семејства со деца се повеќе се изложени на ризик затоа што кириите во приватниот сектор продолжуваат да растат.

Сега во Ирска има 1,030 бездомни семејства.

Лобистот од невладната организација „Фокус Ирска“, Роган Макнамара, цитира случај со млада жена по име Мери, која живеела осум месеци во хотел во Даблин со својата четиригодишна ќерка. Таа не можела да ја плаќа киријата откако останала без работа.

Според Мери, најсериозниот проблем бил тоа што немала каде да готви, немала сопствена интимност, и фактот дека ќерка и немала контакт со други деца.

Невладината организација и помогнала да најде прииватно сместување под наем. Според неа, многу повеќе треба да се фокусираме на помагањето на семејствата, пред да го загубат својот дом.

Несигурноста од роковите во договорите и бесчувствителноста на наемодавачите да им изнајмуваат станови на луѓе кои живеат од социјална помош, се меѓу факторите кои придонесуваат за пораст на бројот на бездомните.

Во 2015 година, во законот со кој се уредува давањето под наем, беа внесени измени и сопствениците веќе се должни да даваат 90-дневно предупредување за промена на наемот, кое може да се прави само еднаш во 24 месеци.

Но во пракса законот не секогаш се почитува.

Сјузан, која не сакаше да ни го каже презимето, е мајка на четири ученици и живее 15 км. од градот Корк во Југозападна Ирска. Таа работи со неполно работен ден, а нејзиниот сопруг со полн, но двајцата не можат да си дозволат да си купат сопствен дом.

– Доволно сме задоволни од куќата која ја изнајмивме, но проблемот е што сопственикот зборува дека ќе ја продава или пак дека му треба за неговото семејство. Мислам дека е затоа што сака да ни ја покачи киријата.

Таа стравува за иднината на нејзините деца.

– Навистина не знам што да правиме ако треба да плаќаме повеќе отколку сега, и никогаш не би можеле да најдеме друго место како ова во истиот реон. Можам да разберам како луѓе како нас лесно можат да станат бездомници. Тоа е голем аларм“.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден