Во Индонезија уапсен терорист-биолог одговорен за убиства и бомбашки напади

Од:

Индонезиската полиција соопшти дека минатата недела го упасила Арис Сумарсоно, воен командант на групата Џама Исламија, група поврзана со Ал Каеда. Сумарсоно е одговорен за повеќе смртоносни напади и судири во Индонезија.

Уапсениот е познат и како Зулкарнаин. Тој бил уапсен на 10 декември во округот Источен Лампунг на островот Суматра.

Сумарсоно, кој по професија е биолог, 18 години бил на полициска потерница. Тој бил помеѓу првите милитанти од Индонезија кој во 80-тите години од минатиот век заминал во Авганистан, каде седум години бил инструктор во тамошната воена академија.

Зулкарнаин е осомничен за подготовка на бомби што биле употребени во низа напади, вклучително и бомбашките напади на Бали во 2002 година, во кои загинаа 202 луѓе, воглавно странски туристи, како и во нападот врз хотелот Мериот во Џакарта, при што беа убиени 12 лица.

Тој бил организатор и на бомбашкиот напад врз службената резиденција на филипинскиот амбасадор во Џакарта во 2000 година, при што загинаа две лица, како и на бомбашкиот напад во 2004 година пред Амбасадата на Австралија при што беа убиени деветмина, како и на бомбашкиот напад на Бали во 2005 година, кога загинаа 20 лица.

Од мај 2005 година Зулкарнаин е на црната листа на Совет за безбедност на Обединети нации поради поврзаност со Ал-Каеда и Осама бин Ладен, како и со талибанците.

Американската програма „Награда за правда“ понуди пет милиони евра за информации што би довеле до апсење на Сумарсоно. Тој беше единствен Индонежанец на листата.

Би можело да ве интересира

Уапсен сопственикот на Телеграм

Француски суд осуди 12-годишно момче: Виновен е бидејќи го бранел тероризмот

(ВИДЕО) Спречен е терористички акт во Австрија, уапсен млад маж од Македонија

Горан Наумовски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Во Париз: Автомобил усмрти едно лице, двајца се тешко повредени

Горан Наумовски

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица