Во Индонезија, од 22 декември до 2 јануари, поради прославувањето на Божиќ и на Нова година, ќе бидат преземени големи безбедносни мерки, откако во земјата беа уапсени исламистички екстремисти, соопшти денеска индонезиската полиција.
Како што јави МИА, тринаесет екстремисти, меѓу кои неколкумина припадници на екстремистичката организација Исламска држава, се уапсени во декември во југоисточниот дел на Азија.