Во ИД има и Словаци, тврди словачката тајна служба

Од:

Во редовите на радикалните исламисти од организацијата Исламска држава (ИД), има и Словаци, објави словачката тајна служба.

Словачката тајна служба предупредува дека Словаците не се борат само во редовите на Исламската држава во Сирија и Ирак, туку и во милитантни групи во Појасот Газа и во источна Украина.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, за експертите информацијата е интересна доколку се докаже како вистинита, бидејќи би било прв таков случај од некоја од посткомунистичките земји.

– Словачка во изминатиот период ја напуштиле неколку лица, за кои постои сомнеж дека се вклучени во радикални манифестации во овие области, изјави за словачкиот портал „Топки“, Бранислав Звара од словачката разузнавачка служба.

Според Звара, засега тој број е едноцифрен и под просекот на земјите на ЕУ.

Покрај Словаци, на страната на ИД се претпоставува дека војуваат и 600-800 Британци, 100-150 државјани на САД, како и одреден број Германци и Французи.

Исламската држава е сунитска екстремистичка група настаната од остатоците на Ал Каеда во Ирак, која на делови на Ирак и Сирија прогласи „Исламски Калифат“. Нејзина цел е приклучување кон „Клаифатот“ на цела северна Африка, Блискиот Исток, Шпанија, Балканот, Крим, Кавказ и делови од Индија.

Милитантите на ИД неколку пати јавно ја манифестираа својата бруталност кога објавија неколку видеа на кои обезглавуваат затвореници.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент