Во Холандија уапсени петмина Албанци со 120 килограми кокаин

Од:

Холандската полиција во пристаништето во Ротердам спречила шверц на 120 килограми кокаин, при што се уапсени петмина албански државјани од 27 до 43-годишна возраст.

Еден од уапсените Албанци при обид да побегне бил каснат од полициското куче трагач на дрога.

Дрогата била скриена во ранци кои биле ставени во контејнер со банани. Прво биле откриени 85 килограми, но по втората контрола во контејнерот полицијата го отркила и останатато количество на кокаин, чија вредност се проценува на четири милиони евра, пренесе МИА.

Дрогата, според полицијата пристигнала од Еквадор. Холандските медиуми, на кои се повикува порталот Албеу, наведуваат дека дрогата веднаш била уништена.  

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Силна експлозија во Холандија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он