Во Херсон од денеска ќе се користат рубљи најави проруската власт

Од:

Окупираниот украински град Херсон денеска ќе премине на рубљи, тврди проруската администрација. Британското Министерство за одбрана ги објави најновите податоци од теренот во Украина, овојпат со акцент на ситуацијата во Херсон.

Градот во јужна Украина е под руска контрола, а Британците велат дека Русија се обидела да ја легитимира својата контрола со инсталирање на проруска администрација. Оваа марионетска влада најави четиримесечна промена на валутата од украинската гривни во руската рубла.

„Од денеска во Херсон ќе се користат руските рубљи. Овие изјави веројатно укажуваат на намерата на Русија долгорочно да изврши силно политичко и економско влијание во Херсон.

„Постојаната контрола над Херсон и неговите транспортни врски ќе ја зголеми способноста на Русија да го одржи напредувањето на север и запад и ќе ја подобри безбедноста на руската контрола над Крим“, велат Британците.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков