Во Ханој приведени околу 30 антикинески демонстранти

Од:

Полицијата во Виетнам приведе околу 30 антикинески демонстранти во Ханој по дпротести заради се поголемите тензии меѓу двете соседни држави за територијален спор.

Меѓу приведените се и двајца новинари на Франс прес кои известувале од настанот и кои биле ослободени неколку часа подоцна.

Силите за безбедност растерале околу 100 демонстранти од центарот на градот по едночасовни демонстрации, а потоа привеле околу 30 луѓе кои се одведени во „рехабилитациски“ центар во предградие на главниот град.

Виетнам и Кина долго спорат за островите Спартли и Парасел и права на истражување и риболов во води околутие острови. Во Виетнам од 2011 година имаше неколку антикинески демонстрации кои властите во почетокот ги толерираа, но подоцна ги забранија.

Би можело да ве интересира

Британка и нејзиниот вереник пронајдени мртви во вила во Виетнам

А1он

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите во Виетнам

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Најмалку осум лица загинаа, а 187 се повредени во налетот на супертајфунот Јаги во Виетнам

ВИДЕО: Во Виетнам има човек кој не спиел од 1962 година

Предраг Петровиќ

Најмалку 14 лица загинаа во пожар во станбена зграда во Ханој