Претседателот на Гвинеја Алфа Конде прогласи 45-дневна вонредна состојба во пет региони во западниот и југозападниот дел на државата погодени од епидемијата на ебола, со цел да се спречи ширењето на болеста.
– Жариштето на вирусот е поместено кон крајбрежните делови на земјата, изјави претседателот во соопштението, обајвено во државните медуми.
– Поради тоа прогласив вонредна состојба во период од 45 дена во префектурите Форкариа, Која, Дубрека, Бофа и Киндиа, додаде тој.
Од избивањето на еболата во декември 2013 најмалку 24 илјади лица се заразени во девет земји, од кои над десет илјади починаа. Сите, освен мал број смртни случаи, се забележани во Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја.