Во Грузија почнуваат годишни НАТО воени вежби „Аџајл спирит 2015“

Од:

Во Грузија денеска почнуваат годишни НАТО воени вежби „Аџајл спирит 2015“, јави ТАСС, повикувајќи се на Министерството за одбрана на земјата.

Церемонијата за отворање на воените вежби се одржа во воената база во Вазиани, во близина на главниот град Тбилиси.

Во вежбите учествува еден од баталјоните на вооружените сили на Грузија, 220 маринци од САД, како и по 20 војници од Бугарија, Романија, Литванија и Латвија. Воените вежби ќе завршат на 22 јули и предвидуваат штабни и теренски операции.

Вежбите „Аџајл спирит“ се спроведуваат секоја година од 2011 година. Тие се еден од елементите на соработка на Грузија со САД и НАТО, во рамки на што грузиските војници се подготвуваат за учество во меѓународни мировни мисии.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Грузија сака да воведе закон за странски агенти

Новинар на РТ беше приведен од грузиските власти на аеродромот, а рускиот пасош му беше одземен