Во германската нуклеарна централа има истекување, работата е целосно прекината

Од:

Операторот на германската нуклеарна централа „Исар два“ ​​го известил Министерството за екологија на Германија дека има истекување, кое не ја загрозило безбедноста, но може да го искомплицира енергетскиот план на Владата за оваа зима, извести Министерството.

Германската нуклеарна централа Исар во Нидеррајхбах во близина на Ландшут

Во соопштението се наведува дека се потребни поправки кои ќе траат седум дена, при што работата целосно ќе биде прекината, а тоа е услов нуклеарната централа да работи по 31 декември. Планирано е работата на „Исар два“, во јужната провинција Баварија, да биде прекината на крајот на годинава како дел од планот на Владата за постепено елиминирање на нуклеарната енергија.

Сепак, поради војната во Украина и прекинот на увозот од Русија, дојде до промена на политиката и владата сега планира да ги задржи на готовност два од трите преостанати нуклеарни реактори и за следната година. Министерството за екологија соопшти дека со Министерството за економија ја разгледува новонастанатата состојба и можните импликации за формата и примената на „стендбај“ резервата.

Од „Преусен Електра“, операторот на нуклеарната централа „Исар Два“ најавија дека реакторот може да работи до планираното исклучување, но дека е потребна седумдневна поправка во октомври доколку сака да продолжи да функционира следната година.

Би можело да ве интересира

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија