Во Германија зголемен бројот на кривични дела со антисемитска позадина

Од:

Бројот на антисемитски кривични дела во Германија се зголеми за 13 проценти минатата година, објави денеска весникот „Велт ам Зонтаг“.

„Минатата година беа регистрирани околу 2.000 антисемитски кривични дела, што претставува зголемување за 13 проценти во однос на 2018 година“, посочува весникот, повикувајќи се на годишниот извештај „Политички мотивирани казнени дела“, кое Министерството за внатрешни работи ќе го објави во вторник.

Медиумски најекспонирано кривично дело со антисемитска позадина е нападот на синагогата во Хале, во октомври минатата година.

Вкупно, бројот на политички мотивирани кривични дела е зголемен за 14 отсто и лани изнесувал 41 илјада. Нешто повеќе од половина од нападите се однесуваат на извршители од десниот спектар

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија