Во Германија уапсен маж кој шетал со самурајски меч и пиштол

Од:

Германската полиција уапси маж кој кусо време предизвикал паника во пешачка зона во Гринштат, југозападна Германија, каде се појавил со самурајски меч и пиштол.

По неколкуте повици од загрижени минувачи, полицијата која дошла во пешачката зона слушнала истрел и забележала маж во видливо алкохолизирана состојба.

Локалните медиуми јавија дека 50-годишниот маж го предал мечот и пиштолот откако полицијата испукала предупредувачки истрел.

Детали не се познати, а полицијата соопшти дека нема индикации дека инцидентот бил политички мотивиран.

Би можело да ве интересира

МВР: Петмина осомничени склучиле договор за 24 часовно обезбедување на патарините, а тие се обезбедувале само делумно

Горан Наумовски

Уапсен е поранешниот директорот на Државни патишта, Ејуп Рустеми

Горан Наумовски

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија