Во Германија пристигнаа рекорден број мигранти

Од:

Германската федерална полиција соопшти дека рекордни 3.500 мигранти пристигнале меѓу понеделникот изутрината и денеска попладне во јужниот дел на Баварија, преку границата со Австрија.

Тоа е најголемиот број мигранти регистриран за ден и половина во некој полициски округ во Германија од почетокот на миграциската криза во Европа, изјави портпаролот на федералната полиција.

Оваа бројка е регистрирана меѓу понеделникот во осум часот по локално време и денеска во 14:30 часот по локално време од Минхенскиот полициски округ, кој ја опфаќа територијата од Минхен до границата со Австрија.

Германија очекува оваа година да добие 800 илјади барања за азил, што е за четири пати повеќе во однос на лани.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто