Во Германија почнаа парламентарните избори

Од:

Утрово во осум часот во Германија почнаа сојузните избори, на кои се повикани речиси 62 милиони Германци со право на глас да ја дадат довербата на една од 34 партии и 4.451 изборен кандидат.

Околу 80.000 изборни места во 299 окрузи ќе бидат отворени до 18 часот, а набрзо потоа можат да се очекуваат првичните резултати од гласањето за 18. состав на Бундестагот.
Аналитичари и политиколози наведуваат дека оној кој сака да победи во Берлин ќе мора на своја страна да ги привлече мигрантите чие влијание се повеќе расте.

Германија има сложен изборен систем мешавина на пропорцијален и мнозински во кој секој бирач има два глас – со првиот бира политичка избор за т.н. директни мандати во Бундестагот, а со другиот глас дава поддршка за партија.

Во Германија според Уставот од 1949 година ниту претседателот ниту канцеларот не се избираат со директно гласање на граѓаните туку само во Бундестагот или во Сојузното Собрание.

Според анекетата на Институтот „Аленсбах“ десноцентристичката коалиција на германската канцеларка Ангела Меркел и левата опозиција имаат еднаква поддршка во јавноста.
Истражувањето, исто така, покажува дека поддршката за евроскептичката партија Алтернатива за Германија се зголемила за еден отсто во споредба со последната анкета на Институтот од 18 септември, достигнувајќи 4,5 проценти или само половина процент под петпроцентниот цензус за влез во Парламентот.

Според истражувањето, поддршката на конзервативците на Меркел е зголемена од 39 на 39,5 проценти, а на нивниот коалициски партнер, Слободната демократска партија (ФДП) е намалена за половина процент на 5,5 отсто.

Главната опозициска сила, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ја зголемила својата поддршка за еден процент достигнувајќи 27 отсто, а популарноста на нивните сојузници Зелените опаднала за два процента на девет отсто.

Екстремно левата партија Левица (Линкс) останува со непроменета поддршка од девет проценти.
Според аналитичари можен е постизборен сојуз и оти голема коалиција би била една од можните решенија. Меркел и Христијанско-демократската унија го имаат спроти себе Пеер Штајбрик кандидат на Социјал демократската партија. Освен голема коалиција како можно, но помалку веројатна опција е продолжување на сегашната коалиција на демохристијаните и либаралите.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад