Во Германија отворен патот за рехбилитација на хомосексуалците осудени според стар закон

Од:

Германија денеска го отвори патот за рехабилитација на околу 50 илјади мажи осудени за хомосексуалност врз основа на нацистички закон, кој остана во сила долго време после Втората светска војна.

– Рехабилитацијата на мажите кои беа изведувани пред судовите поради својата хомосексуалност требаше да се спроведе одамна, се наведува во соопштението на германскиот министер за правда, Хајко Мас, објавено откако Владата го усвои Нацрт-законот.

Мас поотенцира дека овие мажи биле прогонувани, казнувани и посрамотени само поради нивната љубов кон други мажи.

Предлог-Законот треба да се усвои и во Парламентот. Со него се предвидува единствена сума од три илјади евра надомест на секој осуденик и по илјада и петсто евра за секоја година мината во затвор. Владата освен тоа ќе финансира и специјализирана фондација во висина од 500 илјади евра, која ќе работи на зачувување на сеќавањата на оваа тема.

– Осудените хомосексуалци веќе не треба да живеат со таа стигма, која често го уништуваше нивното професионално напредување и нивниот живот, истакна министерот за правда.

За време на 122 години – од 1872 до укинувањето во 1994 – членот 175 од германскиот кривичен закон казнуваше „сексуални дела против природата… без разлика дали станува збор за лица од машки род или меѓу луѓе и животни“.

Законот е дополнително заострен во 1935 година со нацистички амандман во кој се предвидувало до десет години принудна работа за ваквите престапи. Повеќе од 42 илјади мажи според овој изменет закон за време на Третиот рајх се испратени во затвор, а многу од нив и во концентрациони логори. Но, членот 175 остана во сила и после војната и со децении беше единствен преостанат закон од нацистичкото време и доведе до 50 илјади нови пресуди.

Судењата за хомосексуалност се одржувале до 1969 година, кога членот 175 е вратен на верзијата од пред 1935 година.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“