Во Германија 2.000 луѓе примиле ковид-вакцини со поминат рок

Од:

Во два града во Германија, неодамна беа вакцинирани две илјади луѓе со вакцина со поминат рок.

На почетокот на јануари во Центарот за вакцинација во Инголштад биле дадени дози од вакцината Бионтек, чиј рок штотуку поминал, а истото се случило и во Еберсберг.

Властите на Горна Баварија соопштија дека вакцината на која и истече рокот на употреба ден претходно, случајно била дадена на 4 и 5 јануари.

Со вакцината се вакцинирани 201 лице, а покрај сличниот инцидент во Центарот за вакцинација Еберсберг, ова е единствен случај во Горна Баварија, каде што е дадена вакцина чиј рок на траење е малку надминат.

Според податоците на Министерството за здравство, ова се засега единствените познати случаи низ Баварија, а ќе бидат повикани и оние кои ги примиле спорните вакцини наведените денови.

Медицинската управа на Центарот нагласи дека ваквите вакцини се безбедни по здравјето.

Досегашното искуство сугерира дека и покрај краткотрајното надминување на рокот на вакцината, постои заштита.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина