Во Газа пристигнаа телата на уште 30 Палестинци, од кои некои биле мачени

Од:

Министерството за здравство на Газа соопшти дека ги примило телата на уште 30 Палестинци, од кои некои покажале „знаци на злоупотреба, тепање, врзување со лисици и преврзување на очите“.

Телата биле транспортирани од Израел во Газа од страна на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) како дел од пошироката размена на останки по неодамнешниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, објави Си-Ен-Ен.

Вкупниот број на тела вратени во Газа оваа недела се искачи на 120, соопшти министерството. Многу од останките сè уште не се идентификувани, а фотографиите се објавени на посебна веб-страница за семејствата да можат да се обидат да ги идентификуваат.

Болницата Насер во Газа соопшти дека телата испорачани во вторник имале врзани раце и нозе и биле чувани во фрижидери во Израел, обележани со броеви, а не со имиња. Си-Ен-Ен не можеше независно да ги потврди извештаите и контактираше со израелските власти за коментар.

Спогодбата за размена бара од Израел да предаде 360 тела на луѓе што ги нарекува „терористи од Газа“, но не е јасно дали телата испорачани оваа недела се дел од таа група.

Би можело да ве интересира

Блер ќе работи на спроведување на мировниот план за Газа без надомест

Нови израелски напади врз Газа: Убиени се членови на Хамас и Исламски џихад

Трамп: Започната е новата фаза од мировниот план за Газа

Горан Наумовски

Авиокомпаниите ги откажуваат летовите кон Тел Авив

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран