Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин денеска им нареди на полициските началници да распоредат безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден.

Во СМС-пораката до полициските началници, Дарманин напиша дека „многу високото“ ниво на терористичка закана и „продолжувањето на тензиите“ на меѓународната сцена, особено со војната во Газа и нападот во Москва, „бара екстремна внимателност“ за време на празниците.

Тој исто така додаде дека е неопходно да се воспостави „визуелна контрола на луѓето кои влегуваат во верски објекти за да се откријат сомнителни лица“ и дека „посебно внимание треба да се посвети на „возилата стационирани во близина на големи собири“.

Дарманин истакна дека физичкото присуство на редот е зголемено пред секоја црква или (еврејски) храм од петок до крајот на неделата.

Од почетокот на годината во Франција има два напади. Националното обвинителство за тероризам објави дека еден од тие напади вклучува „џихадистичка идеологија“ насочена против католичка институција.

Велигден, со кој се слави Христовото воскресение, е најголемиот христијански празник. Католиците и протестантите го слават овој викенд, а православните верници на 5 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција