Во Франција вонредната состојба поради Ковид-19 продолжена до 24 јули

Од:

Француската Влада донесе одлука да се продолжи за два месеца, до 24 јули, вонредна состојба поради епидемијата со Ковид-19, јавија француски медиуми повикувајќи се на министерот за здравство Оливие Веран.

Вонредната состојба е на сила од 24 март во државата и се очекуваше да биде укината на 23 мај. Но, властите соопштија дека ќе биде прерано и дека ризиците ќе бидат поголеми доколку се стопираат сегашните рестриктивни мерки. Тоа се наведува во нацрт-регулативата што денеска ја разгледува француската Влада, за која ќе се расправа во Парламентот в понеделник.

Во текстот се наведуваат особено условите за луѓето кои доаѓаат во Франција и заразени со вирус ќе треба да бидат ставени во карантин.

Предлог регулативата, исто така, се однесува на воведување  „информативен систем“ во врска со пациентите и нивната околина, со времетраење од една година.

Во Франција излезот од изолацијата ќе започне на 11 мај. Францускиот министер за здравство изјави денеска дека луѓето ќе треба да научат да живеат со вирусот некое време.

Во Франција, од Ковид-19 починаа 24.594 луѓе, според податоците од вчеравечер.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата