Во Франција вчера најмногу новозаразени со коронавирус во последните два месеци

Од:

Нови 1.695 случаи на заразени со новиот коронавирус беа регистирани вчера во Франција, најмногу од 30 мај, кога тој број беше 1.828, соопшти денеска Министерството за здравство на таа држава.

Вкупниот број на заразени со вирусот сега е 194.029. Министерството во соопштението нагласи дека бројот на пациенти на интензивна нега денеска се намалил за четири, откако беше зголемен два дена по ред.

Во моментов има 384 лица на одделенијата за интензивна нега во болниците во Франција.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано