Во Франција: Шест аеродроми се евакуираат истовремено поради закани за бомби

Од:

Шест аеродроми во Франција добија закани за бомби, а во тек е евакуација на луѓето од аеродромите.

Како што јави БФМ ТВ, повикувајќи се на извор од полицијата, закани за бомби добиле аеродромите во Ница, Лил, Тулуз, Нант, Брон и аеродром во близина на Париз.

Евакуацијата доаѓа откако денеска беше нападната синагога во Берлин со молотов коктел поради порастот на антисемитските инциденти во Берлин по ескалацијата на насилството на Блискиот Исток.

Во исто време беше објавено дека Франција ги советува своите граѓани да не патуваат во Либан.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Пронајдени се рачни бомби во село Боговиње

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Нова истрага против Марин Ле Пен