Во Франција разбиена криминална мрежа за експлоатација на Романки

Од:

Европол соопшти дека разбила мрежа за илегална трговија со луѓе, која носела Романки во Франција и сексуално ги експлоатирала.

Европол наведе дека истрагата против „добро организираната криминална група, која дејствува во Романија, со сложена хиреархиска структура“ почнала во 2012 година. Криминалците сексуалните услуги ги рекламирале онлајн и жените ги носеле низ француските градови. Криминалната мрежа имала заработка од околу четири милиони евра.

Во полициската операција задржани се 25 осомничени лица, извршен е претрес во 56 домови, конфискувани се 20.000 евра, 12 луксузни автомобили, 88 мобилни телефони, 79 сим картички, 25 компјутери, стероиди и накит.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина