Во Франција пациенти се сместуваат и во воените болници

Од:

Француската армија денеска префрли шест пациенти инфицирани со Ковид-19 во критична состојба во воена болница, со цел да го намали притисокот врз болниците во источниот дел на земјата, каде има голем број инфицирани лица.

Одлуката за преместување на пациентите на интензивна нега во Тулон, каде има неколку воени болници, е донесена откако лекарите од источните француски градови Милуз и Колмар, каде е епицентарот на кризата, педупредија дека здравствениот систем е пред колапс.

Лекарите тврдат дека во последните три дена постојано доаѓале пациенти кои мора да бидат хоспитализирани.

Франција од вчера е под блокада, откако претседателот Емануел Макрон ги заостри мерките за забавување на ширењето на новиот коронавирус. Мерките дозволуваат граѓаните да излегуваат од домовите за да купат артикли, да одат на работа или да побараат медицинска помош, а воведени се строги гранични контроли и е ограничено движењето на луѓето.

Најпогоден е источниот дел на Франција, каде лекарите пријавуваат 10 нови критични случаи на ден, а недостасуваат опрема и маски.

Франција има околу 67 милиони жители, а има околу 5.000 кревети на интензивна нега ширум земјата. Досега се регистрирани повеќе од 7.500 инфицирни, од кои во Милуз има 1.800 слуќаи и бројот постојано расте за 300 пациенти дневно.

Би можело да ве интересира

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Крвава свадба во Франција: Едно лице загина, а пет се повредени во вооружен напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Лансиран е сателитот кој заеднички го развија Кина и Франција

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on