Во Франција одобрена вакцината на „Фајзер“, не се препорачува за некои категории луѓе

Од:

Високиот орган за здравство на Франција донесе одлука за употреба на вакцината против Ковид -19 од Фајзер-БиоНтек, но сепак не ја препорачува за одредени категории на населението.

Во понеделникот, Европската агенција за лекови (ЕМА) го одобри пласманот на вакцината против Ковид-19 на Фајзер, Високиот орган за здравство на Франција денеска ја даде својата согласност. Сепак, без официјално да ја забрани, институцијата советува оваа вакцина да не ја примаат одредени профили на луѓе.

Како прво, кампањата за вакцинација се однесува само на лица на возраст од 16 и повеќе години. Покрај тоа, властите сугерираат бремените жени да не се вакцинираат, бидејќи тие не беа вклучени во тестирањето на вакцината.

Исто така се препорачува да не се вакцинира додека мајките дојат, како и вакцината да ја примаат луѓе со историја на алергии.

Според француските здравствени власти во оваа фаза нема потреба да се вакцинираат излекуваните пациенти од Ковид-19. Сепак, во согласност со прелиминарните препораки од 30 ноември и наведени во мислењето објавено на 18 декември, овие лица ќе можат да се вакцинираат ако тоа го сакаат, по консултации со лекар.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец