Во Франција наскоро ќе прекине носењето на маска на отворен простор

Од:

Франција наскоро ќе ја достигне точката кога маската веќе нема да биде задолжителна на отворено, изјави министерот за здравство, Оливие Веран, без да даде притоа датум, кога тоа ќе се случи.

-Се уште не сме на ова ниво, но ќе стигнеме наскоро, рече Веран во интервјуто за БФМТВ.

„Кога сте надвор, во центарот на еден голем град, со многу продавници, ќе чекате во редици, ќе јадете, ќе среќавате луѓе итн. Таму, сè додека немаме соодветно ниво на покриеност со вакцинацијата, се чини, повнимателно е да се одржи обврската за носење маска“, објасни министерот.

Министерот Веран понатаму кажа дека е резервиран во однос на политиката на САД, каде маската повеќе не е неопходна за оние кои се вакцинирани.

Според него, најголемиот ризик е да се оди пребрзо.

-Да кажеме ајде одиме и за три недели, за еден месец да кажете: пријатели, има проблем, вирусот повторно се зголемува, има хоспитализации, се затвораме, рече тој.

Земјите што отидоа прерано и пребрзо беа принудени да се вратат назад, тоа беше доживеано крајно лошо кај граѓаните, смета францускиот министер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жестоки протести во Франција против „здравствената диктатура“ и против ковид пасошите

Франција воведува ограничувања за патниците од неколку европски држави

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Хаос во Франција, тешко повредено 22-годишно момче додека полицијата растураше рејв забава

Катерина Павлова-Николовска

Францускиот премиер е во изолација, сопругата му е болна од Ковид-19

Франција од денеска дозволува вакцинирање на сите возрасни групи

Повеќе од 10 милиони луѓе во Франција примиле прва доза вакцина против Ковид-19