Во Франција десет метри минимално растојание за џогирање или возење велосипед

Од:

Минимално десет метри, ова ќе биде растојанието помеѓу двајца тркачи или двајца велосипедисти од 11 мај, соопшти Министерството за спорт на Франција, потсетувајќи на условите за практикување на спортот на отворено за да се ограничи физичкиот контакт.

Според министерството, овие активности можат да се вршат „без ограничување на времетраењето на практиката, без потврда, во рамките на оддалеченост од домот од помалку од 100 километри, со ограничување на собирите на 10 лица максимум, на отворено“ и „без да се користат соблекувални кои можат да бидат достапни за активности на отворено “.

Сепак, „специфичните критериуми за растојание меѓу луѓето“ мора да се почитуваат, во зависност од активностите: „растојание од најмалку 10 метри помеѓу две лица при практика на велосипедизам и џогирање“, како и „доволна физичка дистанца за активности на отворено, како што се тенис, јога, фитнес на пример “, се вели во соопштението на Министерството за спорт.

Така, за јога или крос-фит на отворено, ќе биде потребно да се обезбедат „4 квадратни метри простор по човек“, прецизира министерството.

-До 2 јуни ќе има нови препораки за да се процени како да се продолжи со спорт во затворен простор и дисциплини за кои е потребен контакт, додава кабинетот на Роксана Марачинеану.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата