Во Франција „демонстрации за сите, против бракот за сите“

Од:

Организаторите се надеваат да соберат најмалку 300.000 противници на хомосексуалните бракови во Франција, со определба „да го охрабрат претседателот Оланд да го повлече лошо составениот законски текст“ со кој се предвидува „брак за сите“, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Дебатата меѓу приврзаниците и противниците на хомосексуалните бракови од медиумите се пресели на улиците, организаторите на денешните протести во Париз очекуваат најмалку 300.000 учесници од сите делови на Франција, за што се изнајмени околу 1.000 автобуси и пет брзи возови ТГВ.

Учесниците на денешните демоснтрации ќе тргнат во три различни дефилеа од Порт Мајо, Плас д’Итали и Данфер Рошфор за да се состанат под Ајфеловата кула.

Во испитувањето на јавното мислење на институтот ЛХ2 направено за неделникот „Нувел Обсерватор“, француското јавно мислење останува скоро непроменето во однос на прашањето за склучувањето брак меѓу лица со иста полова припадност. Поточно, 56 отсто од испитаните Французи го одобруваат бракот меѓу хомосексуалците, затоа што при претходното испитување во октомври нивниот број беше 58 отсто. Но, бројот на Французи кои изјавиле дека се наклонети на правото за посвојување од страна на хомосексуалните двојки во последните три месеци се намали за четири поени, односно само 45 отсто од испитаниците изјавиле дека треба да им се даде тоа право на хомосексуалците, исто како и правото за медицинска помош при оплодување женски хомосексуални двојки, за што поддршка изразиле само 46 отсто од испитаниците.

Околу прашањето за посвојување деца од хомосексуални двојки и вештачко оплодување на хомосексуални женски двојки се води жестока дебата во Франција. Според испитувањето на јавното мислење, само 39 отсто од испитаните Французи го поддржале целиот законски текст за хомосексуалните бракови и посвојувањето деца од хомосексуални двојки, што треба да се најде пред Националното собрание на 29 јануари.

Дури 59 отсто од испитаните Французи сметаат дека Црквата не е во нејзината улога кога зазема позиција против предложениот законски текст.

За 59 отсто од испитаните Французи, денешните демонстрации се мотивирани со одбраната на семејните вредности, додека 46 отсто оценуваат дека таа има за цел да ја казни владината политика и 45 отсто смета дека тие ја одразуваат поделеноста во француското општетсво меѓу лаиците (секуларисти) и религиозните (верници), се наведува во испитувањето на институтот ИФОП за „Журнал ди Диманш“. Неделникот „Журнал ди Диман“ објавува и повик потпишан од 115 француски парламентарци со кој се бара организирање референдум за овај нацрт закон.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток