Во Франција барање за нов „локдаун“ во земјата

Од:

Шефот на Француската болничка федерација повика на воведување ново национално затворање за да се спречи ширењето на Ковид-19. Фредерик Валету, шеф на болничката федерација и градоначалник на Фонтенбло, јужно од Париз, за локалните медиуми изјави дека ситуацијата во болниците засега е под контрола, но и дека во многу области е „многу тензична“.

Изјавата на Валету е еден ден откако премиерот Жан Кастекс рече дека ситуацијата во земјата е „деликатна“, но исто така и дека се уште не е потребно ново затворање.

Кастекс нагласи дека стапката на ширење на заразата не се зголеми значително во последните две недели, иако притисокот врз болниците е голем. Но, неколку водечки француски лекари не се согласуваат со него.

Карине Лакомбе, раководител на одделот за инфективни болести во болницата Сент Антоан во Париз, рече дека нови мерки се „неизбежни“.

Франција минатата година воведе два национални „локдауни“ и во моментов е воспоставен еден од најстрогите полициски часови во светот, од 18 до 6 часот наутро.

Кастекс ги повика работодавците да им дозволат на работниците да работат повеќе од дома.

Би можело да ве интересира

Франција ги олеснува ограничувањата, маската повеќе не е задолжителна насекаде

Речиси 100 приведени на забранетиот протест на „Конвојот на слободата“ во Париз

ВИДЕО: Дел од конвојот демонстранти против вакцинацијата влезе во центарот на Париз, полицијата реагираше со солзавец

Франција воведува потврди за вакцинација, ќе важат во ресторани, кина, возови

Повеќе од половина милион здравствени пропусници денеска престануваат да важат во Франција

Во Франција 91.608 новозаразени со Ковид-19, најмногу за 24 часа од почетокот на пандемијата

Катерина Ѓуровски