Во Франција азил во 2014 година добиле само 15 лица од Македонија

Од:

За прв пат во седум години, во 2014 година бројот на барателите на азил во Франција се намали според билансот на Офпра (француското биро за заштита на бегалците и апатридите), јавува дописникот на МИА од Париз.

Во 2014 година во Франција азил побарале 64.811 лица, до нив 59.313 биле прво побарување на азил (-1,9%) и 13.859 биле придружувани малолетници (-4,7%).
Најмногу од барателите на азил доаѓаат од Демократската република Конго (3.782 баратели односно -4,6% помалку), потоа Кина 2.497 баратели или +17,6% и Бангладеш 2.425 – 17%.

Во 2014 година Офпра донесе 69.255 одлуки за барањата на азил, наспроти 62.056 во 2013. Стапката на позитивна одлука минатата година беше 16,9%, односно по евентуалното жалење до Националниот суд за право на азил, секој петти барател на азил има шанса да го добие тоа право во Франција. Лани азил добиле 14.512 лица, наспроти 11.371 во 2013.

Македонија и годинава се наоѓа на листата на сигурни земји, што значи добивањето на азил е исклучително ретко и барањата се разгледуваат по забрзана приоритетна постапка. Македонија е рангирана на 43 место според бројот на поднесените барања.

Во 2014 година во Франција барање за азил од Македонија по прв пат поднеле 161 лица, односно -19,5% помалку во споредба со 2013. Во 2014 биле разгледани вкупно 238 барања за азил од македонски државјани, а од нив азил добиле само 15 лица. Од новите баратели на азил 44% биле жени со просечна возраст од 36,2 години што е скоро и просечната старост на сите баратели на азил од нашата земја.

За споредба со соседните земји, од Албанија азил побарале 2.996 а добиле 663, од Косово 2.775 а добиле 617, од Србија 606 а добиле 101 и од Црна Гора 260 а добиле 9.

Инаку 18% од барањата за престој во Франција на апартиди доаѓаат од просторите на поранешна Југолсавија, најчесто од Роми со потекло од Косово и Македонија.
На европско ниво, Франција е на четвртото место зад Германија каде азил побарале 173.000 лица, по Шведска и Италија.

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска

Бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигна највисоко ниво во последните шест години

Ана Ололовска