Во Европа оваа година пристигнаа еден милион мигранти

Од:

Еден милион мигранти пристигнаа оваа година во Европа, повеќето по морски пат преку Средоземно Море, што е најголем прилив на мигранти на континентот по Втората светска војна, соопшти Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

– До 21 декември околу 972.000 мигранти го преминале Средоземно Море, наведува УНХЦР.

Освен тоа, ИОМ проценува дека повеќе од 34.000 лица пристигнале во Бугарија и Грција преку Турција.

Минатата година Медитеранот го преминале повеќе од 219.000 бегалци и мигранти .
Дури 3.692 лица се удавиле или се сметаат како исчезнати оваа година, се наведува во соопштението на ИОМ.

Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и ИОМ, меѓу мигрантите кои го преминале Средоземно Море оваа година „едно од две лица, што е половина милион луѓе, биле Сиријци, кои бегале од војната во нивната земја“.

Авганистанците се 20 отсто од мигрантите, а Ирачаните седум проценти.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто