Во Ерусалим протест и судир со полицијата поради мерките за карантин

Од:

Ултраправославни демонстранти се собраа синоќа во еден кварт во Ерусалим каде во сила се мерки за карантин, за да протестираат против воведените ограничувања, а дел од нив се судрија со полицијата.

Околу 400 луѓе протестираа доцна синоќа во ерусалимската област Ромема.

Некои од нив се судрија со полицијата и запалија голем куп смет. Израелската полиција потврди дека најмалку едно лице е уапсено.

Со оглед на тоа што земјата се соочува со зголемување на бројот на заразени, израелските власти почнаа да воведуваат ограничувања за одредени градови и делови од градовите, кои се најтешко погодени од пандемијата.

Повеќето од тое области се ултраправославни, а нивните жители сметаат дека неправедно се издвоени како особено ризични во однос на ширењето на вирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел